• недела, 22 декември 2024

Во Романија пронајдени делови од дрон

Во Романија пронајдени делови од дрон

Букуршт, 29 март 2024 (МИА) – На романска територија во близина на границата со Украина пронајдени се делови за кои се претпоставува дека се остатоци од дрон, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Остатоците се пронајдени синоќа на островот Браила во реката Дунав, а припадници на Министерството за одбрана и полицијата го истражуваат случајот.

Романските власти истакнаа дека не пронашле докази за намерен напад врз Романија.

Русија синоќа истрела проектили и беспилотни летала кон цели во западниот и централниот дел на Украина, а Полска објави дека синоќа активирала авиони поради руските ракетни напади врз Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан