• понеделник, 23 декември 2024

„Во ресторанот“ нов театарски проект на Трајче Кацаров

„Во ресторанот“ нов театарски проект на Трајче Кацаров

Штип, 14 септември 2023 (МИА) - „Во ресторанот“ е новиот авторски проект на Трајче Кацаров кој утре премиерно со почеток во 20 часот ќе се изведе пред публиката во Штип. На денешната прес -конференција, Кацаров рече дека во претставата има трагичини и комични сцени, дијалог со публиката, а претставата која го преставува животот ќе биде прикажана во малата сала на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип.

-Има еден голем театралог и тој вели вака: „Театарот е како животот, секој има некоја ситуација покриен од неговата бронзена наметка која свете на неговото чело како ѕвезда“. Ние со оваа престава на некој начин ја орктиваме бронзената наметка и ја покриваме публиката со бронзена наметка, ја наведуваме публиката да се сети на некои моменти од нивниот живот, вели Кацаров.

Антонела Митева актерка во претставата вели дека оваа престава е авторско дело на Кацаров која се темели на дијалог меѓу Ева и Лилит и има душевна наместо сценска акција. Содржината, текстот односно фабулата е доста едноставана и лесно сватлива за публиката.

-Станува збор за авторско дело на Трајче Кацаров, „Во ресторанот“ е делото напишано од него. Го толкувам ликот на Ева и за мене ова е навистина значајно бидејќи за првпат се впуштам во драмските води, вели Митева.

Содржината и играта на самата престава даваат сериозен прилог во комуникацијата со публиката, па ова буди надеж на полна сала и задоволна публика. вдј/дма/

Фото: МИА  

Остани поврзан