Во РЕК Битола пристигнаа првите делови од новиот трансформатор за Блок 3
- Првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола пристигнаа во комбинатот. Како што беше најавено, првиот дел од долгата композицијата што го пренесува 240 тони тешкиот трансфор
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола пристигнаа во комбинатот. Како што беше најавено, првиот дел од долгата композицијата што го пренесува 240 тони тешкиот трансформатор, денеска ја помина главната капија на РЕК Битола, информираат од АД ЕСМ.
Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола го изработи турската компанија Астор. АД ЕСМ за набавката одвои 6.431.000 евра. Ова, велат од АД ЕСМ, е првпат во 40 години постоење на РЕК Битола да се набави ваква постројка.
-Транспортот на новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е најголемиот и најтежок вонгабаритен транспорт кој воопшто некогаш бил организиран во земјава. Трансформаторот се пренесува со специјална композиција преку копно низ Турција, потоа бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно до РЕК Битола. За сигурен и безбеден транспорт на трансформаторот преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина, потенцираат од АД ЕСМ.
Оттаму појаснуваат дека дека откако сите делови од трансформаторот ќе пристигнат во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон. сст/дма/