Во Радовиш досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници
- Во Радовиш досега е поднесена една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници од Горан Поцев.
Радовиш, 26 август 2021 (МИА) - Во Радовиш досега е поднесена една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници од Горан Поцев.
Според информациите од Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија, кандидатурите се поднесени денес и до 30-ти овој месец подносителите треба да ги соберат потребниот број потписи.
За Општина Конче досега нема поднесено независна кандидатура за градоначалник и листа на советници.
Инаку, во Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Радовиш трае увидот во Избирачкиот список и досега 52 граѓани го искористиле своето право да извршат увид, а нема ниту едно барање некој да биде запишан во Избирачкиот список. рт/дма/