• петок, 03 мај 2024

Во Пробиштип одржана манифестацијата ,,Зелникот на баба"

Во Пробиштип одржана манифестацијата ,,Зелникот на баба
Пробиштип, 19 март 2022 (МИА) - Под покровителство на општина Пробиштип, по двегодишна пауза, денеска се одржа деветото издание на традиционалната манифестација „Зелникот за баба". Градоначалникот Драган Анастасов изјави дека гостите и натпреварувачите од целата држава, убавото време, како и богатата музичка програма придонесоа за успешна манифестација и убаво дружење на преполниот градски плошдат „Св. Гаврил Лесновски". - Со богати трпези традиционално приготвени се претставија учесниците, чии специјалитети имаа можност да ги вкусат сите посетители, а паричните средствата кои се собраа, како и секоја година, така и оваа општината ќе ги  донира во хуманитарни цели. Благодарност до сите учесници и посетители што нѐ удостоивте со вашето присуство, исто така благодарност и до сите помагатели на манифестацијата, рече Анастасов. Манифестацијата беше збогатена и со културно уметничка програма. вдј/цр

Остани поврзан