• петок, 22 ноември 2024

Во Прилеп оштетени контејнерите за електричен и електронски отпад

Во Прилеп оштетени контејнерите за електричен и електронски отпад

Прилеп, 19 септември 2023 (МИА) -  Оштетени и насилно отворани се повеќето од 12-те контејнери за електричен и електронски отпад што ги постави прилепски „Комуналец“ на пункови во градот.

Од ЈКП „Комуналец“ од Прилеп известуваат дека за еден месец откако се поставени контејнерите повеќето се оштетени, односно насилно се отворани долните лежишта. Украдено е она што се мислело дека е корисно, иако поголемиот дел од отпадот воопшто не е корисен.

- Оставени се само некорисните тонери, кои подлежат пак на постапка на уништување. Се исфрла дури  и тетрапак, најлони, пет амбалажа. Она што ќе создаде поголема штета е што истите отпадни апарати  ќе бидат  исфрлани на дивите депонии, објаснува Лилјана Силјаноска, лице за односи со јавност во ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.

Прилепски „Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа ги постави контејнерите на 14 август на 12 пункта во Прилеп за да се овозможи селекцијата на електричниот и електронски отпад. Овој месец јавното претпријтие планираше да постави уште 12 такви контејнери, но акцијата ќе биде одложена з да се направи анализа и да се поправат оштетените контејнери за електричен и електронски отпад. eм/сан/

 

Фото: ЈКП „Комуналец“ - Прилеп

Остани поврзан