• понеделник, 23 декември 2024

Во Прилеп голема акција на дезинфекција на училиштата, градинките, улиците и јавните површини

Во Прилеп голема акција на дезинфекција на училиштата, градинките, улиците и јавните површини
Прилеп, 5 ноември 2020 (МИА) - Во Прилеп денеска се дезинфицираа главните и најпрометните улици во населбите на градот, за поголема безбедност на граѓаните кои деновиве ги посетуваат здравствените установи. Дезинфицирани беа и влезовите на градската болница „Борка Талески“, Центарот за јавно здравје, Здравствениот дом и Службата за итна медицинска помош. Во дезинфекцијата помогнаа возилата на противпожарната единица. Покрај теренската дезинфекција, денеска и утре стручни екипи ќе извршат темелна дезинфекција на работните простории во училиштата и во градинките во градот и во населените места. Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во општината, добива крајно сериозни размери. Локалните власти апелираат на доследно и строго почитување на пропишаните мерки за заштита. Од општината, се апелира граѓаните да не се групираат, да престане организирањето забави во викендиците во близина на градот, одржување на физичка дистанца во секојдневните контакти, редовно носење заштитни маски, како и често дезинфицирање на рацете и на работните површини. ем/мс/

Остани поврзан