• четврток, 26 март 2026

Во прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната

Во прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната

Прилеп, 25 мај 2025 (МИА) - Производителите на градинарски производи имаа добра година и пласман на производството и годинашново производство е зголемено за 5 до 10 проценти, оценуваат во прилепската подрачна единица на министерството за земјоделство.

Според Николче Карапеески, раководител на прилепската подрачна единица, и годинава се очекува добар пласман.

-По житарките и тутунот, градинарското производство во Прилепскиот регион е трета најзастапена земјоделска култура. Во споредба со лани, во  годинашново градинарско производство забележуваме зголемен трент, особено на пиперката. Зголемувањето е од околу 5 до 10 проценти.  Тоа се должи на цената што ја постигнаа производителите. Во последниве години производството варира и најмногу зависи од цената на продажба на произведеното. Годинава се очекува дека цената ќе се движи во рамките на ланското ниво и очекуваме производителите да бидат задоволни, вели Карапеески.

Поддршката на државата е по килограм остварен производ, а најголема поддршка имаат пиперките, доматите и краставиците.

- Поддршката се движи од 12 000 до 30 000 денари по хектар, во зависност од видот на градинарската култура. Така, пиоперката, доматот и краставицата добиваат поддршка од 30 000 денари, додека пак  производството на лубеници, дињи, тикви добива поддршка од околу 12 000 денари, а поддршката од остварено производство се движи од 3 до 5 денари за килограм.  Главно, сите градинарски култури се поддржани со по 3, а куртовската капија и производството во мај е со поддршка од 5 денари за килограм производство, објаснува Карапеески.

Интересот за земјоделско производство во Прилепскиот регион е сѐ уште добар. За тоа сведочи фактот дека во последните три огласи за давање под концесија на земјоделско земјиште интересот е голем и се издадени преку 2000 хектари. Главно за едногодишни земјоделски култури. Конкретно со, последниот повик за наем од по 3 хектари, се потпишани 250 договори.

-Во Прилепскиот регион имаше триста апликаци од кои за 250 Министерството за земјоделство склучи договори. Станува збор за 500 до 600 хектари.Според информациите, интересот во Прилепскиот регион за земање земјоделско земјиште под закуп е најголем, смета Николче Карапеески, раководител на подрачната единица на министерството за земјоделстцо во Прилеп.

Според прилепскиот агроном Филип Димкоски, мора да се зголеми домашното производство, да се направи итнас стратегија зашто со сега преполовениот број на земјоделски производители од последните 10 години, не може да се сметаме за земјоделска земја и убвозната зависнот уште ќе ги зголемува цените на пазарот.

-За стабилно градинарско и овоштарско производство не ни треба посебна експертиза, туку само здрава логика. Ако погледнеме дека имаме премало производство, логично дека цените ќе бидат високи, бидејќи ние сме увозно зависни со 80 проценти од храната што ја јадеме. Тоа значи дека оттаму од каде ја увезуваме, државите извозници ги диктираат цените. А кога, како држава не сте производител, вие ќе мора да ја купите храната по цената на оној што извезува и ќе ја даде. Ако се знае фактот дека од 127 00 производители на земјоделски производи во 2014 година, бројката паднала на 62 000 во 2024 година, тоа е повеќе од половина намален број на земјоделски производители. Тоа говори дека земјоделството овде не е веќе грамка која се развива и унапредува, туку, напротив, уназадува и имаме премало производство. Тоа прави да имаме толку високи цени, објаснува Димкоски.

Рој посочува дека решението е во производството и мора да се стимулираат малите производители.

-Секој човек да почне од себе, да ја зголеми својата свест дека ако сака да јаде, мора да произведува, а ако не е во можност да произведува, мора да го зени домашниот производител. И како трето, многу важно решение, државата мора под итно да преземе мерки и чекори за стимулација на домашното производство, смета прилепскиот агроном Димкоски. ем/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан