Во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани поради пожар
- Магистралниот пат Штип-Кочани вечерва, од 21 часот, е во прекин во двата правци поради пожар во кој гори стрниште и ниви и се шири кон магистралниот пат.

Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Магистралниот пат Штип-Кочани вечерва, од 21 часот, е во прекин во двата правци поради пожар во кој гори стрниште и ниви и се шири кон магистралниот пат.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), нормализиран е сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево - Пехчево. мд/лв/