Во прекин сообраќајот на патот Македонска Каменица - Делчево кај Бигла поради сообраќајка
- Поради сообраќајка на две возила, од 19 часот е во прекин сообраќајот на ма

Делчево, 5 јануари 2024 (МИА) - Поради сообраќајка на две возила, од 19 часот е во прекин сообраќајот на магистралата А3 Делчево - Македонска Каменица пред селото Бигла.
Според информации на полицијата, која во моментов врши увид на местото на настанот, едно лице е повредено и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во болница.
Сообраќајната несреќа се случила околу 18:30 часот. По завршување на увидот се очекуваат повеќе информации. вс/хс/
Фото: МИА