Во првите 20 дена во италијанските затвори се самоубија осум затвореници
- -Ова е кланица, уште полоша од лани, а состојбата се влошува бидејќи затворите се пренатрупани со 16.000 затвореници повеќе од капацитетот, додека бројот на затворски службеници е намален за 18.000, со влошување на здравствените услуги, логистички недостатоци, кризен недостиг на кадар и структурни и организациски пропусти, изјави генералниот секретар на УИЛПA, Џенарино Де Фацио.

Рим, 20 јануари 2025 (МИА) - Во првите 20 дена од годинава во италијанските затвори биле извршени осум самоубиства меѓу затвореници, а еден затворски чувар се самоубил, соопшти денеска синдикатот на затворските чувари УИЛПА.
-Ова е кланица, уште полоша од лани, а состојбата се влошува бидејќи затворите се пренатрупани со 16.000 затвореници повеќе од капацитетот, додека бројот на затворски службеници е намален за 18.000, со влошување на здравствените услуги, логистички недостатоци, кризен недостиг на кадар и структурни и организациски пропусти, изјави генералниот секретар на УИЛПA, Џенарино Де Фацио.
Според него, 2025 година започна уште полошо од минатата, откако затвореник изврши самоубиство во Каљари, пренесе АНСА.
-Сега, за жал, имаме речиси едно самоубиство на секои два дена, ова е целосен масакр, рече Де Фацио.сд/
фото:МИА архива