• понеделник, 23 декември 2024

Во првата годинашна акција за крводарување во Велес собрани 44 крвни единици

Во првата годинашна акција за крводарување во Велес  собрани 44 крвни единици

Велес, 14 јануари 2024 (МИА) - Во денешната прва годинашна акција за доброволно дарување крв во 2024 година што се одржа во просторија на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес собрани се 44 крвни единици, со што акцијата е успешна информира за МИА, Александра Илиевска од  Општинската организација на Црвен крст.

Акцијата е спроведена со медицински екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

-Во акцијата крв даруваа 11 жени и 33 мажи кои ја искажаа својата хуманост. Велешките крводарители и во оваа прва годинашна акција покажаа дека се на врвот на хуманоста во земјава,нивната дарувана крв за многу пациенти буквално значи живот, потенцира Илиевска. ад/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан