• петок, 22 ноември 2024

Во последните седум дена инспекциските служби спровдоа 4.817 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти

Во последните седум дена инспекциските служби спровдоа 4.817 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Во периодот од 11-ти до 17 јануари, од страна на седумте инспекциски служби, се спроведени вкупно 4.817 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Во истиот период, се забележува намалување на бројот на издадени решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од коронавирус, соопшти владината прес-служба. Во изминатите седум дена Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, овој инспекторат кој покрај вршењето на надзори во здравствените установи, е задолжен и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издал вкупно 6.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација. Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршиле 3.159 контроли и 582 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и според материјалните закони. - При спроведените надзори, изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за две угостителски објекти во Скопје и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози, се вели во соопштението. Во истиот период Инспекторат за транспорт извршил 39 надзори, при што за непочитување на материјалните закони се изречени три прекршочни пријави и едно решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници. Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена извршил 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. -При тоа инспекторатот изрече 19 решенија и четири прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително согласно овој закон  се издадени четири ППН заради неносење на заштитна маска на работно место, информираат од Владата. Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД, пак, во истиот период спровела 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата, односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при тоа не се констатирани неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 318 надзори, при што издадени се 16 решенија,  24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување  по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи. Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела извршил вкупно 37 надзори. Притоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донеле девет решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад за правни субјекти од Радовиш, Струмица, Ресен и Општина Илинден. Согласно епидемиолошките насоки, потсетуваат од Владата, од утре стапува на сила новото работно време за угостителските објекти до 21 часот. Со оваа одлука, велат, завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензинските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети. Од Владата најавуваат дека инспекциските служби и во следниот период ќе продолжат со интензивни контроли на терен во делот на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони. сст/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан