• петок, 05 декември 2025

Во Полска се урна авион Ф-16 на проба за аеромитинг, пилотот загина

Во Полска се урна авион Ф-16 на проба за аеромитинг, пилотот загина

Варшава, 29 август 2025 (МИА) - Авион Ф-16 на полското воено воздухопловство се урна за време на пробен лет пред аеромитингот во Радом, во централниот дел на земјата, а пилотот загина во несреќата, изјави синоќа портпаролот на полската Влада.

„Трагедија се случи во Радом. Авион Ф-16 се урна за време на подготовките за аеромитинг. За жал, пилотот загина. Вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш разговараше со премиерот и е на пат кон местото на несреќата“, изјави портпаролот на полската влада Адам Шлапка во објава на социјалната мрежа X.

Несреќата се случила вчера околу 17:30 часот кога авионот се урна на пистата, поради што аеромитингот во Радом, планиран за викендот, беше откажан, наведуваат полските медиуми.сд/

Фото:Х

Остани поврзан