• вторник, 07 мај 2024

Во пожар изгореа четириесетина декари сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селото Вешје

Во пожар изгореа четириесетина декари сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селото Вешје
Неготино, 6 септември 2022 (МИА) - Во пожар попладнево изгореа четириесетина декари сува трева и нискостеблеста шума во атарот на селото Вешје, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи.
- Во 13:30 часот бил пријавен пожар во село Вешје, Неготинско. Од ТППЕ Неготино на терен биле четири пожарникари со едно противпожарно возило. Изгорени биле около 30-40 декари сува трева и нискостеблеста шума. Пожарникарите се вратиле од терен во 17:30 часот, појаснија од ЦУК. свд/бт/

Тагови

Остани поврзан