Во Подгорица средба Ѓукановиќ - Палмер
- Целта на САД е стабилна Црна Гора на европскиот и евроатлантскиот пат, заштитена од надворешни влијанија, нагласи заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на вчерашната средба

Подгорица, 8 јули 2021 (МИА) - Целта на САД е стабилна Црна Гора на европскиот и евроатлантскиот пат, заштитена од надворешни влијанија, нагласи заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на вчерашната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Палмер додаде дека е во интерес на САД да придонесат за стабилноста на Западен Балкан во партнерство со Европска Унија, со порака дека ЕУ е клуб на вредности, а не само клуб на интереси, што е предизвик за регионот на пат кон членство.
За време на состанокот беа разменети мислења за голем број регионални и геополитички прашања.
Ѓукановиќ истакна дека односите меѓу двете земји се на завидно ниво и изрази задоволство од најавите за поинтензивен ангажман на САД во регионот. ми/