• недела, 22 декември 2024

Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска

Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска
Пехчево, 4 март 2020 (МИА) - Во Пехчево се одржа промоција на збирката поезија „Мисловна вртелешка“ и романот „Лавица на жица“ од поетесата Светлана Босилкова-Далевска. Збирката, како што истакна Далевска е втора нејзина книга и во неа се застапени 45 песни. - Првото мое дело е романот „Лавица на жица“ кој слободно можам да кажам дека е роман за љубовта, страдањата, надежта, додека збирката „Мисловна Вртелешка“ ги опејува егзистенцијалните теми, содржи родољубива и љубовна поезија, истакна Далевска пред присутните. Извадоци од делата на авторката читаше професорката Светлана Ќулумова, додека со музичка точка се претставија проф.м-р Драган Колевски следен на гитара од младиот Андреј Каракашов. Организатор на настанот е матичната библиотека „Кочо Рацин“, чија директорка Габриела Костадиновска, информираше дека промоцијата е дел од одбележувањето на 8 Март - Меѓународниот ден на жената. вс/аа/

Остани поврзан