Во петок и во деновите од викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд
- Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд.
Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно
време со локални врнежи од дожд.
Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.
Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег. сст/са/
Фото МИА архива