Во Пакистан четири лица осудени на смрт поради бласфемија
- Судот во пакистанскиот град Равалпинди денеска осуди четири лица на смртна казна поради богохулење откако наводно на социјалните мрежи објавиле навредливи содржини за исламските верски личности и куранот
Исламабад, 25 јануари 2025 (МИА) – Судот во пакистанскиот град Равалпинди денеска осуди четири лица на смртна казна поради богохулење откако наводно на социјалните мрежи објавиле навредливи содржини за исламските верски личности и куранот.
Нивниот адвокат најави жалба на пресудата.
Согласно пакистанските закони, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на исламот или неговите религиозни личности може да биде осуден на смрт.
Судијата Тарик Ајуб изјави дека бласфемија непочитувањето на светите ликови и сквернавењето на Куранот се непростливи злосторства и не оставаат простор за милост.
Покрај смртните казни, судот на обвинетите им изрече парични казни во вкупна вредност од околу 16.500 американски долари, како и затворски казни во случај повисокиот суд да ја укине смртната казна.
Законот против богохулење, воведен во Пакистан во 80-тите години од минатиот век. Оттогаш, многу луѓе се обвинети за навреда на религијата, сквернавење на нејзините свети текстови или пишување навредливи пораки на ѕидовите на џамиите.
Критичарите на законот сметаат дека тој често се злоупотребува за решавање на лични конфликти. ми/
фото: МИА архива