• понеделник, 23 декември 2024

Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

Охрид, 12 октомври 2024 (МИА) - Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

- За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина, информираат од Канцеларијата на Иванов.

Претседателот Иванов изразува длабоко и искрено сочуство до семејството. Во негова чест, како што информираат за МИА од Кабинетот на Иванов,  вечерва ќе се одржи комеморација на која ќе се обрати поранешниот претседател Иванов, заменикот генерален секретар на ОН Моратинос како и дел од учесниците на форумот. На комеморацијата ќе присуствува и претседателката Сиљановска Давкова.

Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Салмонд од 2007 до 2014 година беше прв министер на Шкотска. аб/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан