• недела, 22 декември 2024

Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители

Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители

Дебар, 19 април 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население.

Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список се запишани 7.393 лица со право на глас. 

-На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што повеќе изборни циклуси наназад е и соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство а поседуваат лични документи на нашата држава, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа.

Подговоките за престојните избори течат непречено. 

-Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На трети април  успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК, рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи.

Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32  изнемоштени  и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле.

Двете општини се дел од петтата изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата. вт/сст/

 

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан