Во општина Росоман Крстевски ја презеде градоначалничката функција
- Во Росоман денеска беше примопредадена градоначалничката функција помеѓу стариот и новоизбраниот градоначалник, Стојан Николов и Ѓорѓи Крстевски.
Росоман, 6 ноември 2025 (МИА) - Во Росоман денеска беше примопредадена градоначалничката функција помеѓу стариот и новоизбраниот градоначалник, Стојан Николов и Ѓорѓи Крстевски.
-Денеска и официјално стапив на функцијата - градоначалник на општина Росоман, заедно со новоизбраните советници. Со ова започнуваме ново поглавје, исполнето со одговорност, посветеност и визија. Се обврзуваме дека ќе работиме заедно, обединето и чесно - во интерес на сите граѓани на општина Росоман, напиша Крстевски на Фејсбук.
Тој додаде дека нивната цел е јасна - развој, модерна инфраструктура и подобар квалитет на живот за секој жител на општината.
-Пред нас има многу работа, но и уште поголема волја да донесеме вистински промени, додаде Крстевски.
На изминативе локални избори, Крстевски беше кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а Николов од СДСМ. свд/вг/
Фото: Фејсбук на Крстевски