• недела, 22 декември 2024

Во општина Маврово и Ростуше минатата година исплатен еднократен паричен надоместок за 19 новороденчиња

Во општина Маврово и Ростуше минатата година исплатен еднократен паричен надоместок за 19 новороденчиња

Дебар, 2 јануари 2023 (МИА) - Во општина Маврово и Ростуше минатата година исплатен е еднократен паричен надоместок за 19 новороденчиња, а според одговорните ова право ќе продолжи да се исплатува и во оваа календарска година.

-Во текот на минатата година, доделивме 19 ваучери, односно еднократен паричен надоместок, во износ од по 5.000 денари за секое новороденче. Споредено со претходната година е за 7 ваучери помалку. Ваучери за новороденчиња ќе доделуваме и годинава, што е седма година на ред, изјави за МИА, Букурија Беќири, раководител на одделението за човечки ресурси во општината.

Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината, во 2018 година, во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита и до сега ова право е исплатено за околу 180 бебиња.

-Да потсетам на она што е веќе познато. Ова право се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава, додава Беќири.

Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени, а согласно последниот попис од 2021 година има вкупно население од 5.042 наспроти 8.618 жители според пописот од 2002 година. вт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан