• петок, 05 декември 2025

Во Општина Карбинци 52 домаќинства добија субвенции за набавка на клима уред

Во Општина Карбинци 52 домаќинства добија субвенции за набавка на клима уред

Карбинци, 14 ноември 2025 (МИА) – Во Општина Карбинци 52 семејства добиваат поврат на средства за набавени клима уреди, објави денеска градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов. Тој истакна дека денеска ги потпишал решенијата за доделување на субвенциите за набавка на инвертер клима уреди и веќе од следната недела започнува исплатата.

-Ова е трета година по ред како Општина Карбинци воведе мерка за субвенционирање во висина од 30 отсто од сумата за набавен клима уред. Оваа година вкупно 52 семејства добиваат поврат на средствата или некаде околу 500 000 денари од буџетот на општина Карбинци, вели Паунов.

Општина Карбинци во изминатите три години има исплатени речиси 2.000.000 денари кон граѓаните по оваа мерка, или вкупно 180 семејства го промениле начинот на загревање во своите домови. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан