• понеделник, 23 декември 2024

Во општина Гостивар ќе се отвори „Центар на дијаспора“

Во општина Гостивар ќе се отвори „Центар на дијаспора“
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска потпиша Договор со министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за отворање Канцеларија за соработка со дијаспората или „Центар на дијаспора“.Овие канцеларии, како што информира Општина Гостивар, се наменети да имаат посредничка улога и би служеле како центри каде нашата дијаспора ќе добие пристап до потребните информации и дополнителни инструкции врз основа на нивните права за соодветните процедури во надлежните институции.- Овластувањата на канцеларијата се: да ја информира дијаспората за сите нивни права и обврски за време на престојот во матичната земја, да придонесе за создавање база на податоци за сите здруженија активни во дијаспората, со акцент на економската и научната дијаспора, да се иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за заеднички проекти и да го дистрибуира огласот за конкурсот на кабинетот на министерот надлежен за дијаспора за финансиска поддршка на здруженија од локалната дијаспора, се вели во соопштението. Канцеларијата исто така ќе треба да помогне во креирањето база на податоци за бизнис дијаспората, како предуслов за развој на соработка со бизнис заедницата во земјава, поточно привлекување на странски инвеститори. Оваа канцеларија има повеќе овластувања, меѓу кои се: да ја информира дијаспората за време на престојот во матичната земја за можностите што ги нуди Владата за дополнителна финансиска поддршка за странски и домашни инвестиции и да ги ориентира потенцијалните инвеститори кон едношалтерскиот систем „OneStopShop“, да информира и помогне во препознавањето на можностите за реализација на проекти со јавно-приватно партнерство со дијаспората за локални и регионални инвестиции, да се поттикне „туризмот на дијаспората“ преку промотивни активности во туризмот. Од Општина Гостивар информираат дека канцеларијата ќе има за цел да се промовира изучувањето на мајчиниот јазик за децата во дијаспората, како предуслов за зачувување на културниот и јазичниот идентитет и да се води евиденција за бројот на студенти кои дипломирале од локалната дијаспора. Во изминатите пет години Општина Гостивар, како што се наведува, континуирано отвора Канцеларија за сонародници во летниот и зимскиот период кога се во татковината. мд/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан