• сабота, 23 ноември 2024

Во НУ Музеј Куманово отворена изложба од интернационалната колонија ,,Куманово 2023"

Во НУ Музеј Куманово отворена изложба од интернационалната колонија ,,Куманово 2023

Куманово, 27 септември 2024 (МИА) - Изложба на дела од интернационалната колонија „Куманово 2023" денеска беше отворена во лапидариумот на НУ Музеј Куманово.

- Станува збор за продукција од 21 ликовно дело, слики изработени во различни сликарски техники: масло, акрил и комбинирани, кои беа изработени на минатогодишната ликовна сесија. На оваа  групна изложба учество  земаа единаесет академски ликовни уметници, од земјаваи од Србија, Романија, Турција и Босна и Херцеговина: Антонија Јонеску, Гонча Карапинар, Дарко Трајковски, Емине Токмаккја, Ирина Черњавски Шантриќ, Марта Патлиџанковска, Милован Паниќ, Миљан Миленковиќ, Оливера Протиќ, Соња Спироска Остоиќ и Стефан Јакимовски, изјави Драгана Спасковска од НУ Музеј Куманово.

На изложбата беа прикажани и неколку дела кои ги изработија група на деца, кои учествуваа на ликовната работилница одржана за време на колонијата. За јавноста изложбата ќе биде поставена во Салонот на Уметничката галерија до 7 октомври 2024 година. ам/цр/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан