• понеделник, 04 ноември 2024

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе
Абуџа, 25 декекмври 2020 (МИА) - Милитантите од исламистичката група Боко Харам вчера упаднаа во селото Пами, ја запалија црквата, го киднапираа свештеникот и убија најмалку седум луѓе, објави денеска Би-Би-Си. Според полицијата терористите убиле седум луѓе, запалиле десет домови и украле лекови од болницата, како и резервите на храна, што властите планирале да ја поделат на жителите за Божик. Според очевидците милитантите убиле најмалку 11 лица. Боко Харам со децении извршува напади во северниот дел на Нигерија. Според Обединети нации бунтовничката група досега убила најмалку 36.000 лица, а поради нејзините напади раселени се два милиона луѓе. ми/

Остани поврзан