Во Неготино реализиран планинарски марш во чест на ослободувањето на градот
- Планинарски марш беше реализиран денеска во Неготино, во чест на 80 години од ослободувањето на градот. Настанот беше организиран од Високогорско планинарско спортски клуб Неготино. Бројни љубители на природата беа дел од планинарската тура.
Неготино, 10 ноември 2024 (МИА) - Планинарски марш беше реализиран денеска во Неготино, во чест на 80 години од ослободувањето на градот. Настанот беше организиран од Високогорско планинарско спортски клуб Неготино. Бројни љубители на природата беа дел од планинарската тура.
- Планинарскиот марш стартуваше од центарот на градот и преку месноста „Смрдлива вода", планинарите и рекреативците стигнаа најпрвин до ,,Тимјаничка цуцка", па до селото Тимјаник. Патеката беше долга десетина километри, појасни Милица Пауновска, дел од организацијата на настанот.
Таа нагласи дека со бројни планинарски акции ја подигнуваат свеста за важноста на планинарството како здрав начин на живот, а истовремено преку хумани активности ја истакнуваат потребата од меѓусебно почитување, грижа за другите и поголема општествена одговорност.
За сите планинари беше обезбеден ручек во црквата „Света Богородица" во Тимјаник. свд/сст/
Фото : МИА