• понеделник, 23 декември 2024

Во Неготино почна Отворената забавна фудбалска школа „Опен фан“ под мотото „Растеме во шампиони“

Во Неготино почна Отворената забавна фудбалска школа „Опен фан“ под мотото „Растеме во шампиони“

Неготино, 9 септември 2023 (МИА) – Во Неготино денеска започна одржувањето на Отворената забавна фудбалска школа „Опен фан“, под мотото „Растеме во шампиони“.

- На градскиот стадион во Неготино започна реализацијата на проектот, што Општина Неготино го реализира во соработка со Отворените забавни фудбалски школи – Македонија. Во овој проект, покрај нашиот град, ќе бидат вклучени повеќе градови во Македонија, меѓу кои Охрид, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Гевгелија и Куманово. Станува збор за т.н „grassroot“ спортски активности, кои имаат за цел да ги воведат децата и младите во спортот, но и да ги здружат и зближат без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус, појасни градоначалникот Горан Стојанов.

Во рамките на овој настан се вклучени повеќе од 100 деца на возраст од шест до 12 години, со кои работеа тренери – наставници и млади асистенти.

- Активностите од овој проект продолжуваат и утре, како продолжение на проектот кој е дел од програмата за спорт на Општина Неготино. Овој проект има за цел да ја подигне свесноста за активно вклучување на децата во спортот уште од најрана возраст и да промовира здрави животни навики, како важна основа за генерациите што доаѓаат, нагласи Стојанов. свд/ир

Фото: „Фејсбук“ на градоначалникот Горан Стојанов

Остани поврзан