• четврток, 26 март 2026

Во Неготино одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Во Неготино одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Неготино, 8 мај 2025 (МИА) - Со низа активности, традиционално и оваа година, денеска беа одбележани Неделата на Црвениот крст на РСМ како и Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Неготино.

- ОО Црвен крст Неготино со цел подигнување на свеста за значењето на основните принципи, мисијата и визијата на организацијата, организираше значаен настан на кој воедно им беше изразена благодарност на волонтерите, партнерите и поддржувачите за нивната несебична поддршка. Волонтерите од клубот на пензионери „Анри Динан“, како и нашите долгогодишни соработници- ученици од ООУ Гоце Делчев- Неготино, го збогатија овој настан и на свој начин ја прикажаа хуманоста, како една од највисоките вредности на човекот и нејзиното значење, рече секретарот на неготинскиот Црвен крст, Тошко Настов. 

Тој истакна дека оваа недела, под мотото „На страната на хуманоста“, преку разни акции и донации се придонесува да се направат значајни промени во животот на луѓето на кои им е тоа потребно, но се прават и промени што се значајни и за задницата.

- Голема благодарност до сите учесници на настанот и посакуваме уште долги години заедно да ја прославуваме хуманоста и човечноста, рече тој меѓу другото. свд/нд/

Фото: Црвен крст Неготино 

Остани поврзан