Во насилствата во јужна Сирија досега 718 жртви, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права
- Бројот на жртви во насилствата во јужна Сирија, каде има борби меѓу борците од заедницата Друзи од една страна и бедуинските племиња и сириските владини сили од друга страна, се искачи на 718, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Дамаск, 19 јули 2025 (МИА) - Бројот на жртви во насилствата во јужна Сирија, каде има борби меѓу борците од заедницата Друзи од една страна и бедуинските племиња и сириските владини сили од друга страна, се искачи на 718, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Невладината организација соопшти дека меѓу загинатите има 391 Друзи, вклучувајќи 146 борци и 245 цивили. Од нив 165 биле „егзекутирани без објаснување од страна на претставници на сириските министерства за одбрана и за внатрешни работи“ во првите денови од борбите што почнаа во неделата.
Меѓу загинатите се и 287 припадници на сириските владини сили и 21 сунитски бедуин. Петнаесет владини сили се убиени во израелските напади, посочуват од на опсерваторијата. рп/
Фото: МИА архива