• четврток, 19 септември 2024

Во Музеј Неготино концерт на пијанистката Емилија Кабранова Филипова 

Во Музеј Неготино концерт на пијанистката Емилија Кабранова Филипова 
Неготино, 21 јуни 2022 (МИА) - Во Музеј на град Неготино, вечерва беше реализиран концертот „Џезот меѓу нотите“ на пијанистката Емилија Кабранова Филипова, настан поддржан од Министерството за култура. Беа изведени главно џез композиции од повеќе автори на класична музика. Кабранова Филипова е родена 1983 година во Неготино. Таа започнала да свири пијано на осумгодишна возраст, а уште од мала возраст е добитник на награди од државни натпревари. Во нејзината биографија стои дека има освоено и многу меѓународни награди. Има бројни настапи во земјава и странство, солистички, но и во музички состави кои продуцираат класична музика. -Посебно е задоволството кога се настапува дома, пред љубителите на овој вид музика во мојот град, рече меѓу другото пијанистката, најавувајќи и низа други, вакви и слични настани,  во иднина, како и досега. свд/аа/

Остани поврзан