• понеделник, 25 ноември 2024

Во Музејот на Град Скопје отворени две изложби по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје

Во Музејот на Град Скопје отворени две изложби по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Во пресрет на големиот празник 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Градот Скопје денеска во Музејот на град Скопје беа отворени изложбите „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ и „Скопска градска општина“ на авторот Јасминка Дамјановска, во организација на Државниот архив. Со изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ се одбележува и јубилејот 80 години од почетокот на Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија. Низ 22 паноа и околу 300 документи и фотографии, во изложбата „Скопска градска општина“ претставен е периодот од крајот на 19. век, кога функционирала Скопската Турска Општина, потоа Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 – 1941 г., Скопската Општина 1941 – 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денеска. Татјана Сапунџиовска-Алексоска, раководител на Државниот архив - Одделение Скопје,  истакна дека она што денеска преку изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ моѓе да се види се токму дел од тие места каде се роделе и жвееле голем број храбри синови на овој град, места каде се одржувале значајни настани на кои биле донесени клучни одлуки од воено значење. По војната, рече таа, голем дел од овие објекти добиле статус на спомен куќи. - За жал, катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година го промкени лицето на градот, оставајќи ги скопските улици без убавите куќи кои сведочеле за настаните што се случиле во нив. По земјотресот, исто така во новиот урбанистички  план, дел од куќите биле урнати. На повеќе локации во Скопје, особено во централното градско подрачје, на местата каде што во минатото се наоѓале спомен куќите, денеска се уредени зелени површини и се поставени споменици. Во чест на сите знајни и незнајни херои, во чест на една историја која било од едно време, која го променила човештвото, да оддадеме почит, благодарност и да се обврземе да ги чуваме тешко стекнатите придобивки од Народно ослободителната борба, рече Сапунџиовска-Алексоска. Јасминка Дамјановска, авторка на изложбата „Скопска градска општина“ рече дека изложбата е работена повеќе од две години и оцени оти воопшто не им било лесно да направат потесен избор на делата. - Ја работевме повеќе од две години и сметам дека достојно го одбележува одделението и Државниот архив затоа што преставува и беше замислена да биде водич на меморијата на оваа одделение. самото одделение го избра насловот за оваа изложба, за штоа што практично ја проследува меморијата на институцијата, односно работењето на скопската градска општина на повеќе од 100 години. изложбата ја опфаќа историјата на Скопската Турска Општина, Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 – 1941 г. Скопската Општина 1941 – 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денеска, рече Дамјановска. фф/сп/

Остани поврзан