• петок, 22 ноември 2024

Во Москва средба посветена на Сирија

Во Москва средба посветена на Сирија

Анкара, 9 мај 2023 (МИА) - Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека денеска ќе отпатува за Москва, каде утре ќе има средба со колегите од Русија, Иран и Сирија.

- Нашата цел е да постигнеме трајна стабилност и мир во Сирија, да соработуваме во борбата против терористичките организации Сили за заштита на народот, Курдска работничка партија, кои сакаат да ја поделат Сирија и да ни се закануваат од таму, и да гарантираме дека Сиријците од Турција ќе се вратат во своите домови на доброволен и безбеден начин, посочи Чавушоглу.

Минатиот декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Турција, Русија и сирискиот режим на средба во Москва се договорија да продолжат со трилатералните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Во разговорите беше вклучен и Иран, откако претходно Турција изјави дека „би била среќна доколку Иран исто така учествува во процесот“.

Во Сирија од почетокот на 2011 година се води граѓанска војна. ми/

Фото: ЕПА

Остани поврзан