• петок, 05 декември 2025

Во Могила отворени сите гласачки места

Во Могила отворени сите гласачки места

Могила, 2 ноември 2025 (МИА) - Гласачките места на подрачјето на Општина Могила се отворени во 7 часот и непречено се гласа, потврдија за МИА од тамошната Општинска изборна комисија (ОИК).

Во Могила и населените места се гласа на 23 гласачки места, а според Единствениот избирачки список, право на глас имаат 4.671 жител на таа општина.

Во текот на вчерашниот ден во вториот круг за избор на градоначалник на Општина Могила гласаа 37 болни и немоќни лица. мт/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан