Во Минхен марш против Г-7
- Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир во Минхен пред одржувањето на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) и побараа повеќе да се направи во борбат
Минхен, 25 јуни 2022 (МИА) - Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир во Минхен пред одржувањето на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) и побараа повеќе да се направи во борбата против климатските промени.
Собирот е одржан на повик на околу 15 невладини организации за заштита на животната средина и борба против нееднаквоста.
Организаторите на собирот очекуваа учество на околу 20.000 луѓе, додека според минхенската полиција учествувале од 3.500 до 4.000 лица.
Активистите носеа транспаренти на кои пишуваше „Имаме само една планета“ или „Нема повеќе обновливи извори на енергија“.
Самитот на Г-7 почнува утре во Елмау, Баварија и ќе трае до 28 јуни.
Земји-членки на Г-7 се САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија. ми/