• сабота, 27 април 2024

Во Мексико Сити по грешка вклучен аларм за земјотрес предизвика паника

Во Мексико Сити по грешка вклучен аларм за земјотрес предизвика паника

Мексико Сити, 8 мај 2023 (МИА) – Системот за рано предупредување за сеизмичка активност во Мексико Сити денеска по грешка се вклучи за време на сервисирање, па жителите во паника истрчаа на улиците во очекување на земјотрес за кој се покажа дека е лажна тревога.

Алармот се огласил во различни делови на градот, по што жителите во паника ги напуштале канцелариите и становите, па дури и болниците.

Градоначалничката на Мексико Сити Клаудија Шајнбаум на Твитер објави дека алармот е вклучен, но оти нема вистински земјотрес. јт/

Фото: Твитер скриншот

Остани поврзан