• четврток, 20 февруари 2025

Во мај трета подводна акција за чистење на струшкото крајбрежје

Во мај трета подводна акција за чистење на струшкото крајбрежје

Струга, 18 февруари 2025 (МИА) - Во организација на клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга на 31 мај ќе се одржи третата еко-акција за подводно чистење на струшкото крајбрежје.

На настанот, како што информира Ристе Талевски од Клубот за подводни активности „Норкач“, најавиле учество нукрачки клубови од Охрид, Скопје, но и соседството, а повикот е отворен и за сите заинтересирани.

- Нуркачи, волонтери и љубители на природата повторно се обединуваме со заедничка цел – зачувување на езерото и неговата природна убавина, вели Талевски.

Изрази задоволство што интересот од година во година е се поголем и акцијата прераснува во традиција, но, вели дека и свеста кај луѓето е на незавидно ниво и се повеќе отпад вадат.

- Апелирам граѓаните да го чуваат езерото, да не фрлаат отпадоци, да го заштитиме нашето природно богатство и да се придружат во акцијата за чистење на Охридското Езеро, изјави Талевски за МИА повикувајќи ги сите заинтересирани да се вклучат во акцијата.

По завршувањето на подводното чистење, најави и културно-забавен настан со локални бендови и ди-џеј. сс/мд/

Фото: Архива клуб за подводни активности „Норкач

Остани поврзан