Шасивари-Межеван: Владеењето на правото и силните институции се темелот на секое успешно општество
- Новиот извештај на Светска банка и реформите што се потребни за Северна Македонија да направи клучен исчекор на патот кон ЕУ, биле во фокусот на средбата на министерот за правда Јетон Шасивари со директорката на Светска банка за Северна Македонија и за Косово, Карол Межеван.
Скопје, 14 септември 2026
На средбата со директорката на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Карол Межеван, министерот за правда Јетон Шасивари разговараше за новиот извештај на Светска банка и реформите што се потребни за Северна Македонија да направи клучен исчекор на патот кон ЕУ - стои во соопштението на Министерството за правда.
За Министерството за правда, тоа значи ефикасно и независно правосудство, силни институции и европски стандарди што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.
Министерство за правда