• петок, 22 ноември 2024

Во март 415 одобренија за градење, предвидена изградба на 478 станови

Во март 415 одобренија за градење, предвидена изградба на 478 станови

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Во март годинава се издадени 415 одобренија за градење, што е за 11,3  проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 589 059 000 денари, што е за 21,9  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (53 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 108 (26 проценти) за објекти од нискоградба и 87 (21 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 415 објекти, на 229 (55,2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 (44,8 проценти) од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови со вкупна корисна површина од 53 346 метри квадратни. 

Во Југозападниот регион ќе се градат 186 станови, а најмногу, 153, во Струга, по што следи Полошкиот со 110 станови, па Скопскиот со 97, од кои 39 во општина Карпош, а 39 во општина Центар.лв/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан