• сабота, 13 декември 2025

Во манастирската црква „Свети Димитрија“ кај Велес се бараат остатоци од стариот оригиналниот живопис од 13 век

Во манастирската црква „Свети Димитрија“ кај Велес се бараат остатоци од стариот оригиналниот живопис од 13 век

Велес, 7 јули 2025 (МИА) - Стручњаци од Националниот конзерваторски центар од денеска до петок во старите ѕидови на манастирската црва „Свети Димитрија“ на два километра од Велес почнаа да вршат интензивни истражувања за наоѓање остатоци од оригиналниот живопис од 13 век кога е изградена.Тие во апсадата на олтарлот веќе открија мал дел од оригиналнио живопис од 13 век кога црквата била изградена во 1297 година. Внатрешноста на црквата била повторно  живописана во 19 век откако претходно била одтрупана од под земјата.

Овој нов проект е на Националниот конзерваторски центар во чиј тим се конзерваторот Владо Мукоски и историчарот на уметност Дарко Николовски. Проектот е поддржан од Годинашната програма на Министерството за култура и туризам.

Како што информира Мукоски за МИА, целта е освен во нартексот, влезот на црквата кога пред неколку години открија стар живопис од 13 век, да откријат и други сочувани детали од живописот на црквата од 13 век.

-Со овој зафат продолжувме со истражување на ѕидното сликарство на манастирската црква „Свети Димитрија“ за откривање на оригиналниот живописи од 13 век. Ние веќе откривме делови од стариот живипис на црквата во делот на апсидата - во олтарот. Најдовме и дел од декорација. Тоа говори дека и овој дел од црквата бил живописан во 13 век. Преостанува во наредните некоку денови да истражуваме и  да откриеме  колку и  во останатите делови на црквата е сочуван овој стар живипис од 13 век, рече конзерваторот Мукоски.

Тој потенцира дека конзервацијата е долг и макотрпен процес, треба да се вработи внимателно за да не се наруши естетиката на живописот од 19 век.

Тимот на Националниот конзерваторски центар пред неколку години на влезот на „Св. Димитрија“ откри делови од оригиналниот живопис од 13 век.. На  сводот има повеќе фрески, меѓу нив се и циклус посветен на Св. Димитриј, ретки сцени кога тој го убива воинот или Авгар или кога Господ го праќа трговецот да донесе жито и да го спаси Солун од опсадата. Веднаш над влезот во црквата има и сцени од Сташниот суд, постар пример на овој редок циклус

По долги години работа неодамна е откриен и ктиторот на оваа манастирска црква, Лав Котаница. Според Николовски, неговата фреска е на влезот во манастирската црква, а тој во рацете носи макета на црквата. Тој појасни дека е откриен е и ктиторски натпис, кој благодарејќи на рускиот коелга Виноградов, успеа да го расчита овој грчки текст.

-Така дознавме дека ктитор на манастирот е Котаница, и пишува дека во 1297 година, неговиот ктиторски дар бил направен. На ктиторскиот натпис во внатрешноста на црквата, во влезот, пишува:  подигнат од основа и насликан со средства на великиот стратопедархот Лав Котаница Зони во јули месец, 10 индикт, во 6805 (‚ςωε = 1297) година. Храмот бил даруван и од таткото на Котаница, великиот стратопедархот Гурие, појасни Николовски.

Познато е, додаде, дека Лав Котаница бил Византиски пребег, во последните децении на 13 век, на границата помеѓу Византија и Србија, во регионот на Велес. Градот, се мисли на старото Кле, кое е над манастирот,  можеби бил негово седиште, како воен гарнизон, но тоа од засега познатите податоци не може да се потврди. Во одреден момент се осамостоил како самостоне феудалец.  Тој водел битки сам за себе, во еден период бил и затворен. 

-Историјата на Котаница е како филмски трилер. Избегал од манастирот за да по некое време се вратил и продолжил да ги вознемирува Византиските сили. Но ја поддржувал страната на Српската војска на кралот Милутин, со кого заеднички, но и самостојно ја напаѓал Византија. Во мировните преговори на Византија и кралот Милутин, меѓу позначајните услови се барало предавање на Котаница од страна на Милутин, бидејќи претставувал опасност за Византија, рече Николовски.

Информира и дека во турските дефтери неодамна откриле податоци што ја рушат досегашната теза позната во јавноста, дека манастирот „Свети Димитрија “ кај Велес  бил затрупан за заштита пред Османлиското навлегување или дека е затрупан по гранатирањето со топови на Осмалниите,

-Напротив, ние во турските дефтери откривме  дека пишува дека  манастирската црква  бил оштетена од земјотрес во 1405 година, истакна Николовски.

Манастирската црква била откопана од велешани во 19 век откако на празникот Свети Димитрија на сон му се јавил на воденичарот Петре Здравев и му рекол да ја откопа црквата. Откако била откопана со средства на богатаите велешани, таа во 19 век била живиписано од велешкиот зограф Хаџи Косте.

Велешани масовно ја посетуваат на празникт Источен Петок – Балаклија посветен на пресвета Богородица, секој прв четврток спроти петок на првата недела по Велигден секоја година.Тие му се поклонуваат на светецот Свети Димитрија кој го сметаат за заштитник на градот Велес. ад/мч/

фото: МИА

 

Остани поврзан