• недела, 22 декември 2024

Во македонскиот шаховски шампионат продолжува доминацијата на Алкалоид

Во македонскиот шаховски шампионат продолжува доминацијата на Алкалоид
Скопје, 22 август 2021 (МИА) – Шаховскиот клуб Алкалоид е победник на 29. Екипно првенство на Македонија кое од 15 до 21 август се одржа во Струга. Со овој триумф, ШК Алкалоид во последниве 10 години бил девет пати шампион (во 2020 година првенството не се одржа), а вкупно ова е 18. титула за „фармацевтите“, кои се најуспешен македонски колектив во овој спорт. Во седумте одиграни кола Алкалоид имаше само еден изедначен резултат, со Гостивар, а славеше во останатите шест средби, односно освоија 13 од можни 14 бода. Второпласирани се шахистите на Гостивар кои имаат 11 поени колку и Гамбит, но имаат подобар скор на освоени поени во сите партии. Натаму следат ШК Прилеп со 8 бода, ГШК Куманово со 7 бода, Ан Пасан со 4 бода, додека Карпош и Центар освоија само еден поен во меѓусебниот изедначен дуел. Како поединци, од македонските играчи се истакнаа ИМ Дејан Стојановски кој на четвртата табла за Гостивар имаше 5,5 бода од 7 партии, како и 17-годишниот ФМ Емил Ристески, кој имаше ист скор на четвртата табла за Гамбит, но за нијанса послаб параметар на „перформанс“. зс/

Остани поврзан