Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји
- Македонскиот културно информативен центар во Тирана, во саботата, беше срцето на интернационалната уметност во Тирана, обединувајќи седум жени-уметници од Македонија, Албанија, Словенија, Украина, Белгија и Италија, објави денеска КИЦ.
Дебар 19 мај 2025 (МИА) - Македонскиот културно информативен центар во Тирана, во саботата, беше срцето на интернационалната уметност во Тирана, обединувајќи седум жени-уметници од Македонија, Албанија, Словенија, Украина, Белгија и Италија, објави денеска КИЦ.
Специјална гостинка на вечерта беше познатата македонска актерка Ивана Павлаковиќ, која прочита избор поезија од авторки од Македонија, како и од други земји учеснички.
Настанот го отвори Радмила Стојмировска – конзул во Амбасадата на Македонија во Тирана, со силна порака за значењето на културната дипломатија како моќен инструмент за претставување на културата и идентитетот на една земја.
Директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода – воедно и кураторка на изложбата – истакна дека овој значаен настан го поставува Центарот високо на пиедесталот на културните случувања во Тирана.
Меѓу присутните беа и бројни амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.
Изложбата од слики, скулптури и фотографии ќе биде отворена до 31 мај.
Настанот е поддржан од Tikveš Winery - Винарија Тиквеш со селекција на македонски вина. вт/сст/
Фото: КИЦ