• недела, 12 мај 2024

Во Македонска Каменица се адаптира нов простор за потребите на Делчевско-каменичката епархија

Во Македонска Каменица се адаптира нов простор за потребите на Делчевско-каменичката епархија

Македонска Каменица, 5 март 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица се адаптира нов простор за потребите на Делчевско-каменичката епархија. За таа цел деновиве финишираа активностите за расчистување на просторот околу старата црква „Св.Илија“ каде ќе се гради новиот објект, кој ќе им користи на свештениците од епархијата.

-На просторот околу стариот објект имавме рушење на објект со цел изградба на нова зграда за потребите на нашата епархија, истакна градоначалникот Димче Атанасовски кој претходно ја нагласи досегашната успешна соработка со епархијата.

Од црквата изразија голема благодарност што општината им излезе во пресрет на нивните барања за изградба на нов објект.

-Изразуваме благодарност до градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски, кој искрено ја подржа во целост оваа  иницијатива, и се надеваме за кратко време успешно да се заврши овој проект, и да се вселиме во просториите на новата администивна зграда, додадоа од Делчевско - каменичка епархија.

Оттаму очекуваат продлабочување на идната соработка во делот на оддржување на црковните литургии и негување на верската традиција. вс/сст/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан