• понеделник, 23 декември 2024

Во Македонска Каменица почна израдбата на регулацијата на Гумен Дол

Во Македонска Каменица почна израдбата на регулацијата на Гумен Дол

Македонска Каменица, 28 септември 2023 (МИА) - Општина Македонска Каменица започна со изградба на регулацијата на Гумен Дол. Најавувајќи ја изградбата, градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски истакна дека со изградбата на регулацијата се решава повеќедецениски проблем, со кој се соочуваат граѓаните од овој дел на Македонска Каменица. 

-Со изградбата и уредувањето на коритото од Гумен Дол и неговиот спој со Градскиот кеј на Каменичка Река, овој простор ќе добие урбан и модерен лик, рече Атанасовски.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица.

Градежните работи ќе бидат изведени од „ДарМар – Инженеринг“ ДООЕЛ Македонска Каменица, а вредноста на договорот е во износ од 299.916,00 денари. вс/мд/

Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан