• сабота, 18 мај 2024

Во Македонска Каменица одбележана Европската недела на мобилност

Во Македонска Каменица одбележана Европската недела на мобилност
Македонска Каменица, 22 септември 2021 (МИА) - Во Македонска Каменица одбележана Европската недела на мобилност. Настанот, како што информираа од Општината се реализирал во соработка со каменичката деветолетка „Св.Кирил и Методиј“.
Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили, 22 септември, се одбележа на градските улици од централното подрачје во Македонска Каменица, каде учениците возеа велосипеди.
- Во рамки на истиот, покрај возењето на велосипеди од учениците од V и VI одделение, беа истакнати и транспаренти со пораки до возрасните за зголемено користење на велосипеди и останати еколошки превозни средства, информираа од општината.
Настанот го организираше Општинското основно училиште "Св. Кирил и Методиј" а учество на истиот зеде и каменичката градоначалничка Соња Стаменкова, која додаде дека со ваквите активности, сите заедно даваат свој придонес во заштитата на животната средина.
Меѓу пораките кои учениците ги упатија беа и транспарентите „За да бидеш здрав како дрен, вози велосипед секој ден“, „До здравје со велосипед“, со кои тие порачаа велосипедот секојдневно да се користи во замена за возењето автомобили кои ја загадуваат околината. вс/ар/

Остани поврзан