• четврток, 19 март 2026

Во Мадрид антивоен протест пред сликата на Пикасо, Герника

Во Мадрид антивоен протест пред сликата на Пикасо, Герника
Мадрид, 27 јуни 2022 (МИА) - Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника. - Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војна во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје, се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот. На сликите и видеото објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето“. „Војната е смрт за уметноста“. Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги избрка демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот. За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија. ми/

Остани поврзан