Во Лисабон загинаа најмалку три лица откако трамвај излета од шини
- Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини
Лисабон, 3 септември 2025 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини.
Несреќата се случи на линијата „Глорија“, отворена во 1885 година и го поврзува плоштадот „Ресторадориш“ во центарот на Лисабон со квартот Барио Алто, познат по ноќениот живот.
Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, изрази сочувство до роднините на жртвите. ми/
фото: ЕПА