• вторник, 19 ноември 2024

Во Липково и Куманово изречени 58 казни за брзо возење

Во Липково и Куманово изречени 58 казни за брзо возење
Куманово, 21 февруари 2021 (МИА) - Во денешната акциска контрола на СВР Куманово се санкционирани  58 возачи од подрачјето на општините Куманово и Липково, кои возеле со поголема брзина од дозволената, информираше полицијата. Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени осум возила поради други прекршоци и 92 поради неносење маски. Во вчерашната акција во овие две општини поради брзо возење беа казнети 62 возачи. ам/оџ/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан