• петок, 18 октомври 2024

Во летните здравствени амбуланти во Албанија, за четири месеци, услуга добиле над 80 илјади туристи

Во летните здравствени амбуланти во Албанија, за четири месеци, услуга добиле над 80 илјади туристи

 
Тирана, 17 октомври 2024 (МИА) - Од први јуни, кога почнаа функционираат до 30 септември, кога беа затворени, во 34-те летни здравствени амбуланти услуга добиле 80.765 туристи, при што 32 отсто од нив странски државјани.

-Непосредната, секојдневна 24-часовна здравствена услуга во туристичките дестинации е уште еден успех на оваа фантастична сезона за Албанија. Годинава новина беше што ги отворивме од 1 јуни до 30 септември, продолжувајќи го времетраењето на работата за еден месец на овие амбуланти во местата со висок проток на туристи, информираше Албана Кочиу, министерка за здравство и социјална заштита.

Според неа бројот на дадените услуги бележат зголемување од 20% споредено со минатата година. Искажа благодарност за здравствениот кадар кој со „професионалност и посветеност ги опслужувале туристите.

 -Тоа покажа дека треба да ги процениме оние туристички места кои имаа оптоварување и ќе треба да додадеме персонал или да размислуваме за отворање дополнителен број амбуланти, поради се поголемиот број туристи кои ја избираат нашата земја. За оваа туристичката сезона во летните здравствени амбуланти од северот до југот на државата, беа ангажирани околу 2100 лекари, медицински сестри и помошен персонал, додава министерката, во видео објава на социјалните мрежи.
Од вкупниот број, на север функционираа 10, во централниот 9 и на југот 15 здравствени амбуланти. вт/
Фото: Кочиу ФБ

Остани поврзан